Tuesday, December 31, 2013
Малечката Ниу
Најмалата од нив, Ниу е првата која сакаше да се дружи со еден фотограф од другата страна на светот. Се разбира англискиот е непознато нешто за децата од џунглите, но преку топлите насмевки се разбиравме тотално.
Кога и понудив чоколатце, таа отрча да ги викне нејзините сестри за да го поделат овој луксуз. Си помислив, кај нас би го лапнале цело само за да не го поделат со другите.
Ниу ме прошета низ нивниот двор кој не беше ништо поразличен од другите, но предноста беше што они имаа гумен базен и беше поставен така што изгледаше како да е кралски стол.
Подоцна дознав дека живеат со таткото кој по месеци е во поголемите села на печалба, а за мајката незнаеа да ми одговорат.
Ниу иако има само 6 години, знае да прави бомбончиња од шеќерна трска, тоа ќе имате шанса да го видите во филмот кој е моментално на монтажа. Бомбоните беа феноменални, дури добив цела кесичка, а за возврат она доби 20$. Интересно беше тоа што таа не ни обрна внимание на парите, само ги остави од котлето под едно камче за да не одлетаат.
Имам толку многу фотографии со нив и незнам за кои да се одлучам да ги објавам.
Со Ниу на еден лист, ги насликавме нашите дланки откако ги потопивме во каллива вода. Ветив дека ќе се вратам да ги посетам повторно, а се надевам дека ќе го исполнам ветувањето уште наредната година кога ќе ги истражувам Бурма(Myanmar), Лаос, Виетнам и Тибет.
There is a bond between us
Толку топли насмевки да добиеш како благодарам за неколку чоколатца е како благослов. Стварно незнам што да напишам, само да испратам едно големо "ONE LOVE" до Ниу, Хануха и Миан
Monday, December 30, 2013
И ја сум дел од овој свет - Децата на Камбоџа
Значи овде не е како кај нас да ти се лигави на прозор за 5 или 10 денари, овде буквално те молат да им дадеш било каква храна. Оставени сами на себе, децата до пред извесно време немаа никаква помош од владата ниту од меѓународните хуманитарни здруженија. Сега иако црвениот крст помага доста за обвнова на оваа држава како и други светски организации, бројот на деца на улица е преголем за сите да бидат згрижени.
Friday, December 27, 2013
Орм, свештеникот од Будистичкиот храм Липон
Се наоѓа северно од градот Пукет, Бан Ват Патани.
Освен тоа што е најавтентичен и најатрактивен според мене, тука ќе бидете дел од животот на оригиналните свештениц, кои се разликуваат и тоа како од оние во популарните храмови каде што треба да плаќате за да се сликате со нив или да запалите миризливо стапче за молитва.
Низ дворот на Липон ќе го сретнете Орм, свештеник со криминално минатото заради кое неможе да ја носи познатата портокалова наметка и нема право да чита молитви за верниците. Од неговото мрачно минато има ментални проблеми кој не го тераат на агресија, него напротив го прават да изгледа како дете од 5 години кое го видело Дедо Мраз.
Орм незнае англиски но знае за што сте дојдени во неговиот храм и ќе ве прошета насекаде, ќе ви покаже све што треба да се забележи од храмот Липон, од сликите околу седнатиот Буда во храмот и нивното значење, (запишано на англиски на посебна табла до споменикот), до огромниот „Легнат Буда“ на кровот на храмот.
Додека го разгледував ентериерот на храмот забележав како Орм гледа во моите камери, очигледно сакаше да позира па му ја исполнив желбата и сум презадоволен. Подоцна еден друг свештеник ми кажа дека Орм има преголема желба да се слика со туристи но сите го избегаваат бидејки ја нема портокаловата наметка и не е атрактивен за нивните туристички фотки.
За бакшиш од 100 Бати (2,30 евра) Орм ќе ве почести со пријатна насмевка и едно топло „Khob Khun kaa“
Subscribe to:
Posts (Atom)