Showing posts with label Portrait. Show all posts
Showing posts with label Portrait. Show all posts

Wednesday, January 1, 2014

Хун, малиот јавач на крокодили

Hun

Малиот фармер и јавач на крокодили, Хан.

Длобоко во дождовната шума во регионот Ангкор, Камбоџа можете да ја посетите најголемата фарма на крокодили во оваа Азиска држава. Преку 150 возрасни и над 350 млади крокодили се дел од оваа фарма која е во посед на фамилијата Сокони, а дел од Сакони е и малиот Хан, новиот водач на ова семејство и јавач на крокодилите со чиста крв.

Неговиот татко кажа дека иако Хан е најмалиот од неговите 7 синови, тој е оној кој што ќе ја води оваа фамилија и неговите крокодили ќе ги направи најпознати во светот, зошто само Сакони крокодилите се со чиста крв.


Pure Khmer

Beauty

“We think sometimes that poverty is only being hungry, naked and homeless. The poverty of being unwanted, unloved and uncared for is the greatest poverty. We must start in our own homes to remedy this kind of poverty.” - Mother Teresa

The witch doctor

the evil

Селската „вештерка“ докторка.


Tuesday, December 31, 2013

Малечката Ниу

Niu

Далеку од светот, скриени во дождовната шума во Камбоџа живеат трите сестри Миан, Ниу и Хануха. Со нивните три кокошки, две кучиња, неколку змии и крокодили тиe сочинуваат едно мало среќно семејство.

Најмалата од нив, Ниу е првата која сакаше да се дружи со еден фотограф од другата страна на светот. Се разбира англискиот е непознато нешто за децата од џунглите, но преку топлите насмевки се разбиравме тотално.

Кога и понудив чоколатце, таа отрча да ги викне нејзините сестри за да го поделат овој луксуз. Си помислив, кај нас би го лапнале цело само за да не го поделат со другите.

Ниу ме прошета низ нивниот двор кој не беше ништо поразличен од другите, но предноста беше што они имаа гумен базен и беше поставен така што изгледаше како да е кралски стол.

Подоцна дознав дека живеат со таткото кој по месеци е во поголемите села на печалба, а за мајката незнаеа да ми одговорат.

Ниу иако има само 6 години, знае да прави бомбончиња од шеќерна трска, тоа ќе имате шанса да го видите во филмот кој е моментално на монтажа. Бомбоните беа феноменални, дури добив цела кесичка, а за возврат она доби 20$. Интересно беше тоа што таа не ни обрна внимание на парите, само ги остави од котлето под едно камче за да не одлетаат.

Имам толку многу фотографии со нив и незнам за кои да се одлучам да ги објавам.

Со Ниу на еден лист, ги насликавме нашите дланки откако ги потопивме во каллива вода. Ветив дека ќе се вратам да ги посетам повторно, а се надевам дека ќе го исполнам ветувањето уште наредната година кога ќе ги истражувам Бурма(Myanmar), Лаос, Виетнам и Тибет.

Friday, December 27, 2013

Орм, свештеникот од Будистичкиот храм Липон

Orm the Monk Липон е не толку популарен храм меѓу туристите зошто не е препорачан како "Must see" вo ниту еден туристички водич, исто како што нема ни многу коментари за него на социјалните мрежи, така да ако сте заболен "temple hunter" и сакате да се релаксирате во мирот кој го нудат храмовите, ова е Ват кој мора да се посети.

Се наоѓа северно од градот Пукет, Бан Ват Патани.

Освен тоа што е најавтентичен и најатрактивен според мене, тука ќе бидете дел од животот на оригиналните свештениц, кои се разликуваат и тоа како од оние во популарните храмови каде што треба да плаќате за да се сликате со нив или да запалите миризливо стапче за молитва.

Низ дворот на Липон ќе го сретнете Орм, свештеник со криминално минатото заради кое неможе да ја носи познатата портокалова наметка и нема право да чита молитви за верниците. Од неговото мрачно минато има ментални проблеми кој не го тераат на агресија, него напротив го прават да изгледа како дете од 5 години кое го видело Дедо Мраз.

Орм незнае англиски но знае за што сте дојдени во неговиот храм и ќе ве прошета насекаде, ќе ви покаже све што треба да се забележи од храмот Липон, од сликите околу седнатиот Буда во храмот и нивното значење, (запишано на англиски на посебна табла до споменикот), до огромниот „Легнат Буда“ на кровот на храмот.

Додека го разгледував ентериерот на храмот забележав како Орм гледа во моите камери, очигледно сакаше да позира па му ја исполнив желбата и сум презадоволен. Подоцна еден друг свештеник ми кажа дека Орм има преголема желба да се слика со туристи но сите го избегаваат бидејки ја нема портокаловата наметка и не е атрактивен за нивните туристички фотки.

За бакшиш од 100 Бати (2,30 евра) Орм ќе ве почести со пријатна насмевка и едно топло „Khob Khun kaa“