Showing posts with label Niu. Show all posts
Showing posts with label Niu. Show all posts

Tuesday, December 31, 2013

Малечката Ниу

Niu

Далеку од светот, скриени во дождовната шума во Камбоџа живеат трите сестри Миан, Ниу и Хануха. Со нивните три кокошки, две кучиња, неколку змии и крокодили тиe сочинуваат едно мало среќно семејство.

Најмалата од нив, Ниу е првата која сакаше да се дружи со еден фотограф од другата страна на светот. Се разбира англискиот е непознато нешто за децата од џунглите, но преку топлите насмевки се разбиравме тотално.

Кога и понудив чоколатце, таа отрча да ги викне нејзините сестри за да го поделат овој луксуз. Си помислив, кај нас би го лапнале цело само за да не го поделат со другите.

Ниу ме прошета низ нивниот двор кој не беше ништо поразличен од другите, но предноста беше што они имаа гумен базен и беше поставен така што изгледаше како да е кралски стол.

Подоцна дознав дека живеат со таткото кој по месеци е во поголемите села на печалба, а за мајката незнаеа да ми одговорат.

Ниу иако има само 6 години, знае да прави бомбончиња од шеќерна трска, тоа ќе имате шанса да го видите во филмот кој е моментално на монтажа. Бомбоните беа феноменални, дури добив цела кесичка, а за возврат она доби 20$. Интересно беше тоа што таа не ни обрна внимание на парите, само ги остави од котлето под едно камче за да не одлетаат.

Имам толку многу фотографии со нив и незнам за кои да се одлучам да ги објавам.

Со Ниу на еден лист, ги насликавме нашите дланки откако ги потопивме во каллива вода. Ветив дека ќе се вратам да ги посетам повторно, а се надевам дека ќе го исполнам ветувањето уште наредната година кога ќе ги истражувам Бурма(Myanmar), Лаос, Виетнам и Тибет.