Showing posts with label Monk. Show all posts
Showing posts with label Monk. Show all posts

Friday, December 27, 2013

Орм, свештеникот од Будистичкиот храм Липон

Orm the Monk Липон е не толку популарен храм меѓу туристите зошто не е препорачан како "Must see" вo ниту еден туристички водич, исто како што нема ни многу коментари за него на социјалните мрежи, така да ако сте заболен "temple hunter" и сакате да се релаксирате во мирот кој го нудат храмовите, ова е Ват кој мора да се посети.

Се наоѓа северно од градот Пукет, Бан Ват Патани.

Освен тоа што е најавтентичен и најатрактивен според мене, тука ќе бидете дел од животот на оригиналните свештениц, кои се разликуваат и тоа како од оние во популарните храмови каде што треба да плаќате за да се сликате со нив или да запалите миризливо стапче за молитва.

Низ дворот на Липон ќе го сретнете Орм, свештеник со криминално минатото заради кое неможе да ја носи познатата портокалова наметка и нема право да чита молитви за верниците. Од неговото мрачно минато има ментални проблеми кој не го тераат на агресија, него напротив го прават да изгледа како дете од 5 години кое го видело Дедо Мраз.

Орм незнае англиски но знае за што сте дојдени во неговиот храм и ќе ве прошета насекаде, ќе ви покаже све што треба да се забележи од храмот Липон, од сликите околу седнатиот Буда во храмот и нивното значење, (запишано на англиски на посебна табла до споменикот), до огромниот „Легнат Буда“ на кровот на храмот.

Додека го разгледував ентериерот на храмот забележав како Орм гледа во моите камери, очигледно сакаше да позира па му ја исполнив желбата и сум презадоволен. Подоцна еден друг свештеник ми кажа дека Орм има преголема желба да се слика со туристи но сите го избегаваат бидејки ја нема портокаловата наметка и не е атрактивен за нивните туристички фотки.

За бакшиш од 100 Бати (2,30 евра) Орм ќе ве почести со пријатна насмевка и едно топло „Khob Khun kaa“