Showing posts with label Bangkok. Show all posts
Showing posts with label Bangkok. Show all posts

Saturday, December 28, 2013

Поглед кон различностите од мојот прозорец - Храм Сакет

Staring at the world trough my window

Бездомник гледа во туристите кој го посетуваат овој храм. Парите од влезниците за овој храм се користат за помагање на бездомниците од областа Пом Прап кои секое утро добиваат доручек од страна на монасите.

Сакет е прекрасен храм поставен на брдо во областа Пом Прат. Обично негативно ми влијае тоа кога треба да платам за да влезам во храм, одма наговестува дека е некоја "Tourist Trap" но овде е различно, бидејки парите се наменети за бездомниците кој се насекаде околу и во храмот. Доколку сте "Temple Hunters" местово ќе ви биде идеално, можете да се сликате или да ги сликате монасите и бездомниците без проблем, али добро ќе им оставите некоја донација плус, ќе лупате на гонгови по три пати секој пат коа ќе му свртите грб на Буда, ќе уживате во прекрасната глетка на Бангкок и така натака.

 Како што излагав од храмот застанав да ја разгледам панорамата од градот, во десниот агол имав стар прозорец со рустика боја на рамката, што создаваше одлична композиција, „поглед кон светот“, само што го земав канонот за да фотографирам, на рамката се обеси еден бездомник, кој изгледаше како да завршил со добар ручек. Почна да разгледува наоколу и кога ме забелжа со камера не го тргна погледот од мене, жими се ваков момент може да се сонува само. Перфектна композиција од нигде никаде, среќа! Направив преку 20 фотки од истата сцена и право на Тук Тук да го однесам материјалот во хотелот за секој случај, ако ја изгубев оваа фотографија по некоја грешка, дали несакајки да ја избришам или да ми ја украде некој камерата, ќе се убиев.

Фотографијата ќе биде објавена во големиот туристички водич за Бангкок - 2015 на Lonely Planet.

Се надевам дека ви се допаѓа и на вас!

Friday, December 27, 2013

Орм, свештеникот од Будистичкиот храм Липон

Orm the Monk Липон е не толку популарен храм меѓу туристите зошто не е препорачан како "Must see" вo ниту еден туристички водич, исто како што нема ни многу коментари за него на социјалните мрежи, така да ако сте заболен "temple hunter" и сакате да се релаксирате во мирот кој го нудат храмовите, ова е Ват кој мора да се посети.

Се наоѓа северно од градот Пукет, Бан Ват Патани.

Освен тоа што е најавтентичен и најатрактивен според мене, тука ќе бидете дел од животот на оригиналните свештениц, кои се разликуваат и тоа како од оние во популарните храмови каде што треба да плаќате за да се сликате со нив или да запалите миризливо стапче за молитва.

Низ дворот на Липон ќе го сретнете Орм, свештеник со криминално минатото заради кое неможе да ја носи познатата портокалова наметка и нема право да чита молитви за верниците. Од неговото мрачно минато има ментални проблеми кој не го тераат на агресија, него напротив го прават да изгледа како дете од 5 години кое го видело Дедо Мраз.

Орм незнае англиски но знае за што сте дојдени во неговиот храм и ќе ве прошета насекаде, ќе ви покаже све што треба да се забележи од храмот Липон, од сликите околу седнатиот Буда во храмот и нивното значење, (запишано на англиски на посебна табла до споменикот), до огромниот „Легнат Буда“ на кровот на храмот.

Додека го разгледував ентериерот на храмот забележав како Орм гледа во моите камери, очигледно сакаше да позира па му ја исполнив желбата и сум презадоволен. Подоцна еден друг свештеник ми кажа дека Орм има преголема желба да се слика со туристи но сите го избегаваат бидејки ја нема портокаловата наметка и не е атрактивен за нивните туристички фотки.

За бакшиш од 100 Бати (2,30 евра) Орм ќе ве почести со пријатна насмевка и едно топло „Khob Khun kaa“