Најпрво!
“Ништо во животот нема да трае вечно, луѓе ќе доаѓаат, луѓе ќе си одат, некој ќе ни носат негативна, а некој позитивна енергија, но се е добро, се е дел од еден пат кој мора да го поминеме, Тој пат не треба да ни биде исполнет со нервози, завист и алчност, исполнете го со позитивни мисли кон секого, сонувајте ги вашите соништа, но сонувајте ги длабоко и со срце. Среќата е насекаде, во малите нешта како и во големите, зависта е таа која не прави несреќни, зависта е 2013, зависта е минато, од денес па натаму, јас, а се надевам и вие ќе бидете среќени и задоволни со тоа што го имате, со тоа што можете и сте способни сами да го добиете. Нека ви е Среќна 2014та и ви посакувам да станете или останете сонувачи, да истражувате и да пробувате, да го делите тоа што го имате! Но сепак пред се ви посакувам здравје, мир и радост во домовите. „
Миан(11) најстарата од сетрите, е глава на фамилијата кога таткото е на печалба.
Додека си играв со Хануха и Ниу, Миан беше резервирана и го пратеше секој чекор што го правам, прв пат да видам дете толку заштитнички настроено за својата фамилија, но после неколку бомбончиња и Миан го пушти детето од себе.
Миан е таа што ми покажа како живеат и дека они се уствари многу посреќни од децата на западот, бидејки незнаат што е тоа завист, нивниот живот е исполнет.
Кај Миан, како најста веќе почнува да се гледа промената која ја трпат сите кхмерќини*, од среќно детенце во измачена жена.
Забите беа почнале да се ронат. Девојчињата не посетуваат стоматолог од прична што е премногу скапо, а и доколку би имале финансии ќе треба да поминат 250км во еден правец да стигнат до првата стоматолошка ординација.
Рацете и беа многу погруби за разлика од нејзините сестри, перењето на рака и другите физички работи си го прават своето.
Децата работници не се нешто ново во Југо Источна Азија, тоа е проблем кој и е познат на јавноста веќе долг период.
Видов девојче од 8 години, врсничка на сестрами, како со лопата става песок во количка, го истура песокот во корито и меша малтер! Епа да ние сме имале тежок живот, комшијата има iPhone 5s, а ја само 5ка, така да затоа сум во депресија.