Saturday, January 4, 2014

Our work

Chill

Street racers

Riding Dirty

Улични трки по калливите улици во селото на крокодилите во Сием Реп, Камбоџа. Трките со точаци се можеби и единствената занимација на децата од овој регион, секако и они се обложуваат на тоа кој ќе биде победник, само не со пари него со риби од најблискиот канал.

Thursday, January 2, 2014

Секогаш со фамилијата

Working with the family

Додека мажите од потопеното село Кампонг Плук, Камбоџа работат во марината на реката Меконг, жените и децата се оние кој ги анимираат туристите кој го посетуваат нивното село.

Селскиот ресторан во кој работат сите млади девојки од селото и пловењето со дрвените кануа низ потопената џунгла се главна атрактицја во овој регион.

Доколку некогаш го посетите ова село и посакате да се повозите низ потопената џунгла, ваши шофери би биле мајки со неколку дечиња, значи ќе си имате добра занимација цел пат, како што имав јас, се убив од фотографирање :)

Сериозно, доклку некогаш ве однесе патот во Камбоџа и Сием Реп, еден ден мора да одвоите да го посетите Кампонг Плук и езерото Тонле Саб. Локација за авантуристи 10/10

Coming Home

coming home

После напорниот ден работејки во марината на езерото Тонле саб, работниците се враќаат назад во Кампонг Плук, потопеното село во близина на реката Меконг.

Life is sailing away

Life is sailing away

In the end, it's not going to matter how many breaths you took, but how many moments took your breath away

Be happy with what you have

Beeing Happy

The happiest of people don't necessarily have the best of everything, they just make the most of everything that comes along their way.

Wednesday, January 1, 2014

Хун, малиот јавач на крокодили

Hun

Малиот фармер и јавач на крокодили, Хан.

Длобоко во дождовната шума во регионот Ангкор, Камбоџа можете да ја посетите најголемата фарма на крокодили во оваа Азиска држава. Преку 150 возрасни и над 350 млади крокодили се дел од оваа фарма која е во посед на фамилијата Сокони, а дел од Сакони е и малиот Хан, новиот водач на ова семејство и јавач на крокодилите со чиста крв.

Неговиот татко кажа дека иако Хан е најмалиот од неговите 7 синови, тој е оној кој што ќе ја води оваа фамилија и неговите крокодили ќе ги направи најпознати во светот, зошто само Сакони крокодилите се со чиста крв.


Pure Khmer

Beauty

“We think sometimes that poverty is only being hungry, naked and homeless. The poverty of being unwanted, unloved and uncared for is the greatest poverty. We must start in our own homes to remedy this kind of poverty.” - Mother Teresa

The witch doctor

the evil

Селската „вештерка“ докторка.


Ученикот

study

Нема да откријам каде ќе биде објавена оваа фотографија, но тоа е едно добро познато светско списание!

Возбуда to the max!!!

Фотографијата е направенa во Хинду храмот Та Кео (Ангкор Ват) Камбоџа.
Храмот е подигнат во крајот 10от век од страна на Џајавараман 5.

Низ храмот ќе начекате еден тон деца кој живеат во близина на овој локалитет. Само жителите на селата најблизу до некој храм смеат да продаваат сувенири на туристи, за другите е забрането со закон.


Глава на фамилијата на 11 години - Миан

Hanuah-2

Најпрво!

“Ништо во животот нема да трае вечно, луѓе ќе доаѓаат, луѓе ќе си одат, некој ќе ни носат негативна, а некој позитивна енергија, но се е добро, се е дел од еден пат кој мора да го поминеме, Тој пат не треба да ни биде исполнет со нервози, завист и алчност, исполнете го со позитивни мисли кон секого, сонувајте ги вашите соништа, но сонувајте ги длабоко и со срце. Среќата е насекаде, во малите нешта како и во големите, зависта е таа која не прави несреќни, зависта е 2013, зависта е минато, од денес па натаму, јас, а се надевам и вие ќе бидете среќени и задоволни со тоа што го имате, со тоа што можете и сте способни сами да го добиете. Нека ви е Среќна 2014та и ви посакувам да станете или останете сонувачи, да истражувате и да пробувате, да го делите тоа што го имате! Но сепак пред се ви посакувам здравје, мир и радост во домовите. „

Миан(11) најстарата од сетрите, е глава на фамилијата кога таткото е на печалба.

Додека си играв со Хануха и Ниу, Миан беше резервирана и го пратеше секој чекор што го правам, прв пат да видам дете толку заштитнички настроено за својата фамилија, но после неколку бомбончиња и Миан го пушти детето од себе.

Миан е таа што ми покажа како живеат и дека они се уствари многу посреќни од децата на западот, бидејки незнаат што е тоа завист, нивниот живот е исполнет.

Кај Миан, како најста веќе почнува да се гледа промената која ја трпат сите кхмерќини*, од среќно детенце во измачена жена.

Забите беа почнале да се ронат. Девојчињата не посетуваат стоматолог од прична што е премногу скапо, а и доколку би имале финансии ќе треба да поминат 250км во еден правец да стигнат до првата стоматолошка ординација.

Рацете и беа многу погруби за разлика од нејзините сестри, перењето на рака и другите физички работи си го прават своето.

Децата работници не се нешто ново во Југо Источна Азија, тоа е проблем кој и е познат на јавноста веќе долг период.

Видов девојче од 8 години, врсничка на сестрами, како со лопата става песок во количка, го истура песокот во корито и меша малтер! Епа да ние сме имале тежок живот, комшијата има iPhone 5s, а ја само 5ка, така да затоа сум во депресија.

Tuesday, December 31, 2013

Малечката Ниу

Niu

Далеку од светот, скриени во дождовната шума во Камбоџа живеат трите сестри Миан, Ниу и Хануха. Со нивните три кокошки, две кучиња, неколку змии и крокодили тиe сочинуваат едно мало среќно семејство.

Најмалата од нив, Ниу е првата која сакаше да се дружи со еден фотограф од другата страна на светот. Се разбира англискиот е непознато нешто за децата од џунглите, но преку топлите насмевки се разбиравме тотално.

Кога и понудив чоколатце, таа отрча да ги викне нејзините сестри за да го поделат овој луксуз. Си помислив, кај нас би го лапнале цело само за да не го поделат со другите.

Ниу ме прошета низ нивниот двор кој не беше ништо поразличен од другите, но предноста беше што они имаа гумен базен и беше поставен така што изгледаше како да е кралски стол.

Подоцна дознав дека живеат со таткото кој по месеци е во поголемите села на печалба, а за мајката незнаеа да ми одговорат.

Ниу иако има само 6 години, знае да прави бомбончиња од шеќерна трска, тоа ќе имате шанса да го видите во филмот кој е моментално на монтажа. Бомбоните беа феноменални, дури добив цела кесичка, а за возврат она доби 20$. Интересно беше тоа што таа не ни обрна внимание на парите, само ги остави од котлето под едно камче за да не одлетаат.

Имам толку многу фотографии со нив и незнам за кои да се одлучам да ги објавам.

Со Ниу на еден лист, ги насликавме нашите дланки откако ги потопивме во каллива вода. Ветив дека ќе се вратам да ги посетам повторно, а се надевам дека ќе го исполнам ветувањето уште наредната година кога ќе ги истражувам Бурма(Myanmar), Лаос, Виетнам и Тибет.

There is a bond between us

no name no lr

Неможам да го опишам чуството кое го имам додека ја гледам оваа фотографија. За прв пат се восхитувам и доживувам излив на различни емоции на моја фотографија. Незнам дури што да напишам за оваа сцена, овој момент кој ми го подарија овие три девојчиња од селото на големата риба во Ангкор, Камбоџа.
Толку топли насмевки да добиеш како благодарам за неколку чоколатца е како благослов. Стварно незнам што да напишам, само да испратам едно големо "ONE LOVE" до Ниу, Хануха и Миан

Monday, December 30, 2013

И ја сум дел од овој свет - Децата на Камбоџа

"I exist in the world"

Додека шетате низ главниот град на Камбоџа, Пхном Пен, ќе се дружите со децата без родители кој се оставени сами по улиците да молат за било каква храна.

Значи овде не е како кај нас да ти се лигави на прозор за 5 или 10 денари, овде буквално те молат да им дадеш било каква храна. Оставени сами на себе, децата до пред извесно време немаа никаква помош од владата ниту од меѓународните хуманитарни здруженија. Сега иако црвениот крст помага доста за обвнова на оваа држава како и други светски организации, бројот на деца на улица е преголем за сите да бидат згрижени.

Госпоѓата Ниарм

Lady Niarn-5

Госпоѓа Ниарм - Floating Market, Bangkok area - Единствената жена која никогаш го нема напуштено своето село, а сега во истата куќа во која е родена ја чека и својата смрт. Ниарм е моментално болна од неизлечива болест, но во разговорот не разбрав за која болест точно станува збор. Лицето и беше со жолта боја па можев само на нагаѓам од што боледува.

Ниарм ја најдов во нејзината куќа/продавница која се наоѓа на десниот крај од маркетот. Селото е толку комерцијализирано во последниве години што комплетно ја има изгубено автентичноста и моментално е обична туристичка замка и не ви препорачувам да го посетите ако имате намера за тоа.

Зошто не ме интересираат сувенири и маици, се шуткав низ куќарките со камерата да најдам нешто автентично за да фотографирам, кога дојдов до крајот Ниарм почна да мавта и да се смее, ме фати за рака, ме седна до неа и почна да врти муабети со мене како да разбирам се на тајландски, али ок, климав со главата цело време. Стана и ми донесе да јадам една чорба, мислам дека беше од пиле, али само мислам, толку беше љута што солзи ми течеаа а таа се кинше од смеење, потоа ме почести со еден добар Тај чај кој беше врв. Јас како добар турист, како благодарност и купив неколку сувенири, а за тоа добив и позирање од неа, ова беше прв пат јас да прекинам со фоткање, обично на моделот му здосадува па бега, Ниарм мислам дека можеше до седи уште саат време и да позира.

Историјата за Ниарм ми ја раскажа една нејзина комшика, за тоа како цело семејство ја напуштило и отишле во Бангкок и сега е оставена сама на себе, но толку е пријатна што секој и помага, соселаните но и туристите како мене.

Ниарм ќе има свој дел во видеото што е моментално на монтажа, каде што пробува да каже дека ја сака Македонија.

Saturday, December 28, 2013

Поглед кон различностите од мојот прозорец - Храм Сакет

Staring at the world trough my window

Бездомник гледа во туристите кој го посетуваат овој храм. Парите од влезниците за овој храм се користат за помагање на бездомниците од областа Пом Прап кои секое утро добиваат доручек од страна на монасите.

Сакет е прекрасен храм поставен на брдо во областа Пом Прат. Обично негативно ми влијае тоа кога треба да платам за да влезам во храм, одма наговестува дека е некоја "Tourist Trap" но овде е различно, бидејки парите се наменети за бездомниците кој се насекаде околу и во храмот. Доколку сте "Temple Hunters" местово ќе ви биде идеално, можете да се сликате или да ги сликате монасите и бездомниците без проблем, али добро ќе им оставите некоја донација плус, ќе лупате на гонгови по три пати секој пат коа ќе му свртите грб на Буда, ќе уживате во прекрасната глетка на Бангкок и така натака.

 Како што излагав од храмот застанав да ја разгледам панорамата од градот, во десниот агол имав стар прозорец со рустика боја на рамката, што создаваше одлична композиција, „поглед кон светот“, само што го земав канонот за да фотографирам, на рамката се обеси еден бездомник, кој изгледаше како да завршил со добар ручек. Почна да разгледува наоколу и кога ме забелжа со камера не го тргна погледот од мене, жими се ваков момент може да се сонува само. Перфектна композиција од нигде никаде, среќа! Направив преку 20 фотки од истата сцена и право на Тук Тук да го однесам материјалот во хотелот за секој случај, ако ја изгубев оваа фотографија по некоја грешка, дали несакајки да ја избришам или да ми ја украде некој камерата, ќе се убиев.

Фотографијата ќе биде објавена во големиот туристички водич за Бангкок - 2015 на Lonely Planet.

Се надевам дека ви се допаѓа и на вас!

Friday, December 27, 2013

Орм, свештеникот од Будистичкиот храм Липон

Orm the Monk Липон е не толку популарен храм меѓу туристите зошто не е препорачан како "Must see" вo ниту еден туристички водич, исто како што нема ни многу коментари за него на социјалните мрежи, така да ако сте заболен "temple hunter" и сакате да се релаксирате во мирот кој го нудат храмовите, ова е Ват кој мора да се посети.

Се наоѓа северно од градот Пукет, Бан Ват Патани.

Освен тоа што е најавтентичен и најатрактивен според мене, тука ќе бидете дел од животот на оригиналните свештениц, кои се разликуваат и тоа како од оние во популарните храмови каде што треба да плаќате за да се сликате со нив или да запалите миризливо стапче за молитва.

Низ дворот на Липон ќе го сретнете Орм, свештеник со криминално минатото заради кое неможе да ја носи познатата портокалова наметка и нема право да чита молитви за верниците. Од неговото мрачно минато има ментални проблеми кој не го тераат на агресија, него напротив го прават да изгледа како дете од 5 години кое го видело Дедо Мраз.

Орм незнае англиски но знае за што сте дојдени во неговиот храм и ќе ве прошета насекаде, ќе ви покаже све што треба да се забележи од храмот Липон, од сликите околу седнатиот Буда во храмот и нивното значење, (запишано на англиски на посебна табла до споменикот), до огромниот „Легнат Буда“ на кровот на храмот.

Додека го разгледував ентериерот на храмот забележав како Орм гледа во моите камери, очигледно сакаше да позира па му ја исполнив желбата и сум презадоволен. Подоцна еден друг свештеник ми кажа дека Орм има преголема желба да се слика со туристи но сите го избегаваат бидејки ја нема портокаловата наметка и не е атрактивен за нивните туристички фотки.

За бакшиш од 100 Бати (2,30 евра) Орм ќе ве почести со пријатна насмевка и едно топло „Khob Khun kaa“

Wednesday, January 9, 2013

Ризикување кога немаш ништо не е ризик. - Т.А